Реферат за избор на соработник - истражувач - Ице Ѓуманделоски
Архивски број 02-97/3
20.06.2023
РЕФЕРАТ
ЗА ИЗБОР НА СОРАБОТНИК – ИСТРАЖУВАЧ ОД ОБЛАСТА НА КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ ПРИ ПРИВАТНАТА НАУЧНА УСТАНОВА ИНСТИТУТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА
Врз основа на конкурсот објавен во дневните весници Нова Македонија и Лајм на датум 22.12.2022 година, за избор на Соработник - истражувач за една од наставно-научните области: Композитни материјали, Полимерни материјали, Роботика или Информатика, се пријави кандидатот М-р. Ице Ѓуманделоски.
Советот на Приватната научна установа Институтот за современи композити и роботика, со Одлука донесена на дата 26.05.2023година, формира Рецензиона комисија во состав:
· Д-р Светлана Ристеска, Научен советник/Редовен професор на Институт за современи композити и роботика, Прилеп - претседател,
· Д-р Благоја Самакоски, Научен советник/Редовен професор на Институт за современи композити и роботика - член и
· Д-р Самоил Самак Научен соработник/Доцентна Институт за современи композити и роботика, Прилеп - член.
Пријавата внимателно јаразгледавме и утврдивме дека кандидатот М-р Ице Ѓуманделоски, врз основа на распишаниот Конкурс, навремено и целосно ги има доставено сите потребни документи од конкурсот. Врз основа на приложената документација од кандидатот, чест ни е на Наставно-научниот совет на Институтот за современи композити и роботикада му го поднесеме следниов:
И З В Е Ш Т А Ј
1. Биографски податоци
Ице Ѓуманделоские роден на 29.05.1992 година во Прилеп, Р. Македонија. За време на своето школување, учествува на бројни регионални и државни натревари по физика, каде освојува награди со што во два наврати се стекнува со право на учество на Меѓународната олимпијада по физика – во 2010 и 2011 година. Во периодот 2011-2015 година, студира на Природно-математичкиот факултет во Скопје, Институт за физика, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје. По завршувањето на овие студии се стекнува со звање дипломиран инженер по физика. Во септември 2016 година, се запишува на постдипломските студии на Институтот современи композити и роботика -Прилеп на насоката Современи композити и роботика. Предметите од овие студии успешно ги завршува со просечен успех 9.86. Во септември 2018 година го брани својот магистерски труд воИнститутот современи композити и роботика во Прилеп под наслов„Дизајнирање на загревачки валјак за машина за намотување препрег преку топлотна анализа со метод на конечни елементи“.
1. Работно искуство
Кандидатот Ице Ѓуманделоски е работно ангажиран од 2015 година, кога е вработен како професор по физика во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп. Потоа е ангажиран како надворешен соработник во компанијата Микросам АД Прилеп во периодот од ноември 2015 до февруари 2016 година. Од февруари 2016 е вработен како инженер по физика во Институтот за современи композити и роботика во Прилеп. Стекнува значително работно искуство и можност да работи на практични проекти од областа на:
Ø развој на композитни производи.
Ø дизајнирање на алгоритми за контрола на движење.
Ø комплексни системи за автоматизација на производството на композити.
Ø развој на алгоритми базирани на машинско учење.
Од 23.06.2020 до денес е избран како Aсистент-истражувач од областа на Композитни материјали во Институтот за современи композити и роботика – Прилеп, каде активно е вклучен во многу проекти меѓу Институтот и Микросам од областа на композитни материјали.
2. Реализирани проекти/конференции
Ø Кандидатот Ице Ѓуманделоски има учествувано во голем број на проекти за проектирање и производство на автоматизирани и роботизирани машини, претежно интерни проекти на Институтот за современи композити и роботика во Прилеп. Учествува и во заеднички проект на компанијата Микросам со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, кој вклучува алгоритми за компјутерски вид и машинско учење.
Ø Кандидатот Ице Ѓуманделоски има учествувано во меѓународна конференција итоа - 9 th International Physics Conference of the Balkan Physical Union (BPU-9), Istanbul, Turkey, 2015; proceeding published in 2016: https://aip.scitation.org/doi/abs/10.1063/1.4944294.
Ø Во март 2018 година зема учество на меѓународниот настанработилница - MI-NET Modeling week во организација на Mathematics for Industry Network од европската COST ActionTD1409.
3. Објавени научни трудови
Кандидатот Ице Ѓуманделоские автор на објавени научени трудови, и тоа:
- Igor Dimovski,Ice Gjumandeloski, Filip Kochoski, Mahendra Paipuri, Milena Veneva, Aleksandra Risteska, COMPUTER AIDED (FILAMENT WINDING) TAPE PLACEMENT FOR ELBOWS. PRACTICALLY ORIENTATED ALGORITHM. Balkan Journal of Applied Mathematics and Informatics, [S.l.], v. 1, n. 1, p. 89-104, August 2018.
4. Познавање на странски јазици
Кандидатот Ице Ѓуманделоски, одлично владее неколку странски јазици: англиски, српски и хрватски јазик.
5. Сертификации
Ø Certificate for participation as a contestant in the 41st International Physics Olympiad, 2010, Zagreb, Croatia.
Ø Certificate for participation as a contestant in the 42nd International Physics Olympiad, 2011, Bangkok, Thailand.
ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ
Од биографијата на кандидатот, вклучувајќи ги сите неопходни податоци и информации за запознавање со неговиот професионален профил, може да се заклучи дека кандидатот Ице Ѓуманделоски со своите досегашни ангажмани покажува интерес и способност за продолжување на вршење на научно-истражувачка и практична работа во Институтот за современи композити и роботика.
Имајќи го во предвид досега изнесеното, согласно со постојните прописи, му предлагаме на Советот на Приватната научна установаИнститут за современи композити и роботика од Прилеп, да го избере кандидатот Ице Ѓуманделоскиво звање Соработник-истражувач од областа на Композитни материјали при Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп.
РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА
Д-рСветлана Ристеска, Научен советник/Редовен професор-претседател
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
Д-р Благоја Самакоски, Научен советник/Редовен професор-член
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
Д-рСамоил Самак, Научен соработник/Доцент-член
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
Датум 20.06.2023, Прилеп