ОДЛУКА за усвојување на Извештај од Комисија за преглед, оценување и одбрана на магистерски труд и закажување на термин за одбрана

 Врз основа на член 39 од Статутот на Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп, Советот на Институтот за современи композити и роботика Прилеп на седницата одржана на ден 24.01.2025г. ја донесе следната:

 

ОДЛУКА

за усвојување на Извештај од Комисија 

за преглед, оценување и одбрана на магистерски труд

и закажување на термин за одбрана

 

I

Се усвојува Извештајот бр. 08-13/2 од 23.01.2025 година на Комисијата за преглед, оценување и одбрана на магистерски труд, во состав:

1.            Д-р Самоил Самак, Научен соработник/Доцент на Институтот за современи композити и роботика Прилеп;

2.            Д-р Дијана Вајдеска, Научен соработник/Доцент на Институтот за современи композити и роботика Прилеп; и

3.            Д-р Билјана Костадиноска, Научен соработник/Доцент на Институтот за современи композити и роботика Прилеп.

за магистерскиот труд со наслов: Проектирање на погон за ротационо движење кај нумерички управувани машини за намотување на делови од композитни материјали од студентот Васко Петковски при Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп.

 

II

Се закажува термин за одбрана на магистерскиот труд на ден 31.01.2025 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Институтот за современи композити и роботика Прилеп.

 

III

Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

 

Да се достави до:

- Кандидатот

- Членовите на Комисијата за преглед, оценување и одбрана на магистерскиот труд,

- Менторот на магистерскиот труд,

- Архива.

                                                                                                                                   

ДЕКАН                

                                                                                                          Научен соработник/Доцент

Д-р Билјана Костадиноска