ОДЛУКА за усвојување на Извештај од Комисија за преглед, оценување и одбрана на магистерски труд и закажување на термин за одбрана

Врз основа на член 39 од Статутот на Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп, Советот на Институтот за современи композити и роботика Прилеп на седницата одржана на ден 24.01.2025г. ја донесе следната:

 

ОДЛУКА

за усвојување на Извештај од Комисија 

за преглед, оценување и одбрана на магистерски труд

и закажување на термин за одбрана

 

I

Се усвојува Извештајот бр. 08-12/2 од 23.01.2025 година на Комисијата за преглед, оценување и одбрана на магистерски труд, во состав:

1.            Д-р Самоил Самак, Научен соработник/Доцент на Институтот за современи композити и роботика Прилеп;

2.            Д-р Дијана Вајдеска, Научен соработник/Доцент на Институтот за современи композити и роботика Прилеп; и

3.            Д-р Билјана Костадиноска, Научен соработник/Доцент на Институтот за современи композити и роботика Прилеп.

за магистерскиот труд со наслов: “Компјутерско потпомогнато проектирање на погони за праволиниско движење кај нумерички управувани машини за производство на делови од композитни материјали“ од студентот Борјан Ѓорѓијоски при Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп.

 

II

Се закажува термин за одбрана на магистерскиот труд на ден 31.01.2025 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Институтот за современи композити и роботика Прилеп.

 

III

Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

 

Да се достави до:

- Кандидатот

- Членовите на Комисијата за преглед, оценување и одбрана на магистерскиот труд,

- Менторот на магистерскиот труд,

- Архива.

                                                                                                                                     ДЕКАН

                                                                                            Научен соработник/Доцент

Д-р Билјана Костадиноска