ОДЛУКА ЗА ИЗБОР ВО НАСТАВНО-НАУЧНО ЗВАЊЕ - САМОИЛ САМАК

Врз основа одредбите од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Р. Македонија“ бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/2015, 30/2016, 53/2016 и „Службен весник на Р.С. Македонија бр. 257/2020, 163/2021. 64/2024, 253/2024 и 144/2025), Правилникот за начинот и постапката за избор во повисоко научно звање („Службен весник на Р. Македонија бр. 82/2009), Статутот и Правилникот  за  критериуми  и  постапка  за  избор  во наставно - научни, научни и соработнички звања на Приватната научна установа, Институт за современи композити и роботика, Прилеп, Советот на Институтот на седницата одржана на ден 13.02.2026г. ја донесе следната:

 

ОДЛУКА

ЗА ИЗБОР ВО НАСТАВНО-НАУЧНО ЗВАЊЕ

I

Се врши избор на кандидатот Самоил Самак во звање Виш научен соработник во следните области: 2.05.00.04 - Композитни материјали, 2.02.00.15 - Компјутерско инженерство, информатика и роботика, за период од 5 години, почнувајќи од 01.03.2026 до 28.02.2031 година, а врз основа на стручната оцена на Рецензионата комисија во состав:

Ø    Д-р Владимир Дуковски - Редовен професор во пензија од Машински Факултет Скопје при „Универзитет Свети Кирил и Методиј“ Скопје - претседател;

Ø    Д-р Анка Трајковска - Петкоска - Редовен професор на „Технолошко-технички Факултет“ Велес при „Универзитет Свети Климент Охридски“ Битола - член; и

Ø    Д-р Зоран Ивановски - Редовен професор на „Факултет за електротехника и информациски технологии“ Скопје при „Универзитет Свети Кирил и Методиј“ Скопје - член.

 

II

Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.                              

 

ДЕКАН

                                                                                Научен соработник

Д-р Билјана Костадиноска